Не баш идеален почеток, рано влегување во резултатска негатива, враќање во втората и третата четвртина, и лоша завршница во четвртатта го одбележија првиот од двата планирани контролни натпревари на нашата јуниорска селекција на гостувањето во Ботевград.
БУГАРИЈА (У18-МАЖИ) - МАКЕДОНИЈА (У18-МАЖИ) 77:59
Бугарија беше подобар противник во воведната четвртина. Домашните кошаркари направија предност од (28:13).
Нашите јуниори најавија доста подобра игра во вториот дел од мечот, но до полувремето успеаја да симнат само еден поен од негативата.
На полувреме, Бугарија водеше со (45:31).
А потоа следуваше и најдобриот период од играта на избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ.
Во третата четвртина на ред беше комплетно враќање на нашата млада селекција „Под 18“ години. иако игравме во доста изменет соства во однос на оној кој беше на турнирот „Боби Петковски“ изминатата недела во Гевгелија (не играа Шошкиќ, Зетов, Чадамов и Митев), стигнавме до заостанување од само четири поени (50:46).
А потоа, уште еден пад во играта, кој домаќините знаеја да го искористат и да стигнат до сепак (пре) убедлива победа од (77:59).
На оваа прва проверка, од двете планирани во Арената Ботевград, (другата се игра утре изутрина, од 12.часот, по македонско време), Стојанов запиша 18.поени, Луканоски имаше 11, а Чолаковски и Јакимовски по осум.