28.07.2022

Европско првенство за кошаркари до 18 години, Дивизија А, Измир, Турција

Јуниорите заминаа за Турција

Машката јуниорска репрезентација на Македонија замина за Турција, каде во наредните десет дена (од 30. јули до 7. август) ќе земе учество на континенталниот собир (дивизија А) во возрасната категорија до 18 години. Селекторот Тони Симиќ, со своите стручни соработници Нермин Пепиќ и Никола Велев, ги одбра дванаесетте кошаркари кои ќе бдиат дел од македонската репрезентација.

Македонија е сместена во групата А, заедно со соодветните национални селекции на Израел, Франција и Велика Британија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

30.07.2022 (сабота)
Израел – МАКЕДОНИЈА
Почеток 15:00

31.07.2022 (недела)
МАКЕДОНИЈА – Франција
Почеток 12:45

1.08.2022 (понеделник)
МАКЕДОНИЈА - Велика Британија
Почеток 12:45