15.07.2017

Јуниорките без победа се враќаат од Бугарија

Нашите јуниорки заминаа во Бугарија на пријателски двомеч, а во нашата држава ќе се вратат со два пораза зад себе. За јуниорките ова беше првиот тест во рамки на подготвителниот период кој ќе ги одведе до Европското првенство (Дивизија Б) во Даблин Ирска.

На првиот пријателски натпревар, домаќините славеа со 84-44 (22-15, 30-11, 20-8, 12-10), на вториот со 85-40 (25-11, 19-7, 22-8, 19-14).

СТРЕЛЦИ ПРВ НАТПРЕВАР
Шеќероска (19 поени), Митрева (3), Андонова (4), Серафимовска (8), Спировска (4), Петрушевска (4), Николовска (2)

СТРЕЛЦИ ВТОР НАТПРЕВАР
Андонова (11 поени), Шеќероска (8), Спировска (7), Серафимовска (4), Петрушевска (5), Кузманоска (2), Стоева (3).