20.06.2019 Националната селекција до 18 години во женска конкуренција ова лето ќе ги брани боите на нашата република пред домашната публика. Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија ќе го организира Европското првенство (дивизија Б) во Скопје, од 5. јули до 14. јули. Дваесет и три земји ќе земат учество, меѓу кои и нашата Република. Јуниорките веќе се во тренажен процес во нашиот главен град, а ги обработија и предвидените подготовки во Маврово. На нивниот распоред во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б) има неколку пријателски натпревари, од кои први ќе се одиграат во Скопје. Нашата женска јуниорска репрезентација ќе ги нагости соодветните национални селекции на Грција, Турција и на Бугарија. Пријателскиот турнир ќе се одигра во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Распоред на натпревари 20.06.2019 17:00h Северна Македонија - Турција 21.06.2019 17:00h Турција - Грција 19:15h Бугарија - Северна Македонија 22.06.2019 14:30h Турција - Бугарија 17:00h Северна Македонија - Грција 23.06.2019 14:00h Грција - Бугарија