28.06.2019

Јуниорките го пречекуваат Косово

Седум дена не делат од официјалниот почеток на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години. 

Нашата јуниорска репрезентација ќе ги брани националните бои во нашата престолнина Скопје, од 5. јули па се до 14. јули.

Селекторот Жаклина Стојановска, заедно со своите стручни соработници, нешто помалку од еден месец ги подготвува своите избранички. Досега, јуниорките одиграа три пријателски натпревари, против соодветните селекции на Бугарија, Грција и на Турција и запишаа две победи и еден пораз.

До почетокот на првенството Стојановска и нејзините кошаркарки ќе одиграат уште два натпревара од кои првиот е закажан за денеска.

Соодветната национална селекција на Косово гостува в Скопје, а натпреварот ќе се одигра во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.

СТАТИСТИКА

По натпреварот следат неколку дена одмор, натпревар против Швајцарија, па почеток на првенството.