02.07.2019

Јуниорките ја пречекуваат Швајцарија

Девојките кои ќе ги бранат националните бои на Европското првенство (дивизија Б) пред домашната публика во Скопје имаат уште еден пријателски натпревар на својата агенда пред почетокот на големото натпреварување.

Јуниорките досега одиграа три пријателски натпревари на турнир во Скопје, против соодветните селекции на Бугарија, Грција и на Турција и запишаа две победи и еден пораз, а потоа одиграа и еден пријателски натпревар против Косово на кој триумфираа со 65-47.

Селекторот Жаклина Стојановска за своите избранички ќе има уште еден тест, против соодветната национална селекција на Швајцарија. Со кошаркарките на Швајцарија ќе си ги одмериме силите утре (среда, 3. јули) со почеток во 17:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. 

СТАТИСТИКА

На петти јули веќе започнува настапот на јуниорките на ЕП (б).