Женската јуниорска репрезентација на Македонија оствари убедлива победа против Албанија во подготвителен меч во пресрет на Европското првенство од Дивизијата „Б“.
Нашите кошаркарки „Под 18“ години славеа во Валона со повеќе од убедливи (73:50), демонстрирајќи моќ во текот на сите 40 минути. Двоцифрена предност имаа на средина од првата четвртина (16-6), а на полувреме веќе можеше да насети конечниот исход бидејќи Македонија водеше со (47:26).
Второто полувреме беше само формалност, особено последната четвртина која им припадна на домаќинките со (12:10).
Алексовска беше најефикасна во нашата селекција со 21 поен, а се истакнаа уште Николов со 16 и Танаскоска со 13.
Утре од 10 часот, двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски меч.
Инаку, Европското првенство од Дивизијата „Б“ во оваа конкуренција ќе се игра во Софија, а почнува на 30 јули. Македонија е во групата „А“, заедно со селекциите на Хрватска, Луксембург, Португалија и Велика Британија.