27.05.2018 Кошаркарките на Баскет Кам го освоија третото место на завршниот турнир од возрасната категорија до 18 години откако на натпреварот за трето место ги совладаа врсничките од Шкупи со 61-47. Јуниорките од Македонска Каменица беа во резултатска позитива уште од почетокот на натпреварот, но кошаркарките од Скопје не се предадоа предвреме. До крајот на првиот период избраничките на Енвер Мифтари ја намалија негативата до девет поени, но во вториот дел не успеаја да ја анулираат во целост. Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК додека натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.