09.06.2025

Во наредните два дена, (10/11 јуни) нашата женска селекција „Под 18“ години, ќе игра пријателски средби со соодветната селекција на Црна Гора

Јуниорките отпатуваа за Подгорица, следуваат две контролни средби

По неколку дена тренинг во СРЦ „Кале“, нашата женска селекција „Под 18“ години денеска отпатува за Подгорица, каде во наредните денови ќе ги реализира и првите контролни натпревари во периодот на подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Литванија.

Согласно со договореното со домаќинот, федерацијата на Црна Гора, нашите јуниорки ќе одиграат два контролни натпревари.

Првиот е закажан за 10.јуни (вторник) со почеток од 18. часот, а ќе се игра во салата „Бемакс“ во Подгорица. Наредниот ден, на истото место, од 10.30 часоот, двете селекции ќе имаат уште една проверка на сработеното во изминатиот период.

Селекторот на овој наш национален тим, Виктор Петровски и неговиот асистент, Нена Трајчевска, за ова гостување не може да сметаат на сестринскиот двоец Ања и Мила Начевски (претходно најавени индивидуални обврски), што ќе биде сериозен хендикеп во обидите да се формира онаа игра потребна за настап на еврошампионатот во Литванија.

Петровски се одлучи на пат за главниот град на Црна Гора да одат 14.кошаркари: Мартина Џангаровска, Јана Пислевска, Теа Трајковска, Бојана Николиќ, Дора Алексовска, Теодора Мариновска, Ива Колева, Глорија Груевска, Нена Китановска, Бранкица Мегленова, Мила Ќолчевска, Сара Ѓорѓиевска, Ангела Тасовски и Лилјана Ѓорѓиева