Женската јуниорска селекција на Македонија го одигра својот трет натпревар во периодот на подготовките. Прв на домашен терен, на крајот и успешен, победнички, затоа што со едно добро издание беше совладана селекцијата на Косово.
МАКЕДОНИЈА (У18-ЖЕНИ) – КОСОВО (У18-ЖЕНИ) 56:51
Интересен тек имаше натпреварот во првиот период од играта. Затоа што гостинската селекција поведе со (6-0), буквално во првите два напади. Но следуваше неверојатна серија на нашите јуниорки, од 16.поени со која остварија и двоцифрено водство (16:6).
Дури во деветтата минута селекцијата на Косово го сопре тој офанзивен налет на нашите млади кошаркарки, кои на истекот на периодот ја задржаа предноста, сосема солидна (17:10).

Нашата јуниорска селекција беше подобра и во вториот период. Минути во кои многу брзо изградивме предност од 15.поени (26:11). Истата ја имавме и во 18.минута (35:20), за првото полувреме Македонија да има нешто пониска позитива (35:23). А Трајковска, со десет реализации да биде и најефикасeн играч на теренот.

По релативно изедначениот трет дел од играта кој селекцијата на Косово го доби со минимални (14:13), во последниот, гостинките ја сведоа негативата и на едноцифрена. На половина од тој период, заостануваа само седум поени (41:48). Долго време нашиот тим беше без поени, што јуниорките од Косово го искористија да „поништат“ уште неколку поени, да намалат и на (43:48).
Кога беше најпотребно, поентираа Колева и Начевска, да се одвоиме на солидно водство (51:43), кога останаа 2:38 минути до крајот.

По двете тројки на гостинската екипа, резултатот беше само четири плус за нашата селекција (53:49), и 27. секунди до крајот на мечот. А потоа следуваше „кражбата“ на Колева, за лесно положување, водство, (55:49), кое нашата најмлада кошаркарка го зголеми и на (56:51) од линијата за слободни фрлања, што беше и финалниот резултат.
Доволно со 12. поени да биде и најефикасна во нашата селекција, Трајковска застана на 10. поени, Алексова имаше 8, а Начевска уште 7. поени.
И овие две селекции веќе во петок ќе реализираат уште еден контролен натпревар, ќе се игра во спортската сала во Качаник, каде во улога на домаќин е репрезентацијата на Косово.