Нашата јуниорска репрезентација во женска конкуренција денеска го заврши настапот на Европското првенство за кошаркарки до 18 години кое се одигрува во Скопје.
Репрезентативките одиграа вкупно осум натпревари, пет во рамки на групната фаза и уште три во втората фаза каде разигруваа за пласман. Како дел од групата Ц, нашата јуниорска репрезентација не успеа да запише триумф и се пласира на последното, шесто место, зад Грција, Романија, Ирска, Словачка и Австрија против кои разигруваше во оваа прва фаза. За репрезентацијата тоа значеше разигрување за пласман од 17. до 23. место.
Во првиот натпревар од оваа фаза нашите јуниорки разигруваа против Велика Британија и во интензивно резултатски тесен натпревар запишаа пораз. Следеше натпревар против соодветната национална селекција на Албанија. На овој натпревар го запишавме првиот триумф, а потоа и вториот против селекцијата на Косово против која разигруваавме за 21. место на првенството.
Во рамки на финалето од ова Европско првенство (дивизија Б) се пласираа националните селекции до 18 години на Финска и на Грција додека за третото место ќе разигруваат Турција и Шведска. Првите три пласирани селекции добиваат промоција во дивизија А. Поради бројот на учесници (23) ова лето ниту една репрезентација нема да испадне во Ц дивизија.
Детална статистика од натпреварите на нашата репрезентација, фотографии и видео снимки од натпреварите можат да се погледнат на следниот ЛИНК.