Нашите јуниорки го започнаа овогодишното издание на Европското првенство (Дивизија Б) со пораз од домаќинот, Ирска. Првиот натпревар кој го одиграа избраничките на Анета Глигорова заврши со резултат 89-43 (22-7, 25-13, 21-15, 21-8) во корист на домашниот состав.
Јуниорките ќе имаат 24 часа за консолидирање на играта и нова стратегија пред пресметката против Украина која е на распоредот во 21 часот и 30 минути.
СТРЕЛЦИ; МАКЕДОНИЈА
Андонова (6поени), Митрева (11), Шеќероска (9), Кузмановска (2), Петрушевска (2), Серафимоска (9), Спировска (4)