21.07.2022

И на втората „контрола“ во Валона, нашата женска селекција „Под 18“ до висока победа, сега од (67:42)

Јуниорките уште еднаш убедливи против Албанија

Женската јуниорска репрезентација на Македонија оствари уште една победа против Албанија во подготвителен меч во пресрет на Европското првенство од Дивизијата „Б“.

Нашите кошаркарки „Под 18“ години, предводени од селекторот Никола Златев, славеа по втор пат на „контролите“ во Валона, со исто така високи (67:42).

За разлика од првата проверка нашата женска јуниорска селекција клучната предност ја оствари во третиот период во кој за 10.минути направи (21-8), за недостижи (50:32), кои во периодот кој што следуваше „пораснаа“ на уште повисоки плус 25.

За разлика од првата средба, Марија Николов беше прв поентер во нашата селекција. Реализираше 25.поени (шут од игра 10/12), и три скока, ја следеше Михаела Алексовска со 17.поени (и пет скока).  

Инаку, Европското првенство од Дивизијата „Б“ во оваа конкуренција ќе се игра во Софија. Стартува на 30 јули, Македонија е дел од групата „А“, заедно со репрезентациите на Хрватска, Луксембург, Португалија и Велика Британија.