Женската селекција на Македонија „Под 18“ години, запиша минимален пораз на гостувањето во Качаник.
Иако водеа 39.минути, избраничките на селекторот Виктор Петровски на крајот загубија од Косово со минимални (71:70).
Нашите девојки имаа добар и ефикасен почеток на оваа „контрола“. Првиот период заврши со водство на Македонија (26:19), а уште подобар резултат имавме на полувремето, плус од 8.поени (42:34).
Во третата четвртина, домашната селекција сима добар дел од негативата, и последната ја дочекаа со минус од три поени (52:49), кој во последните моменти од мечот го претворија во минимален триумф (71:70).
Ања Начевска реализираше 20.поени, имаше и 6.скока и 2. асистенции, Колева го заврши мечот со 16.поени, и по шест освоени и исто толку загубени топки, додека Пислевска додаде уште 15.поени и 5.скока.
Македонската женска јуниорска селекција беше подобра од косовската на првата проверка во Скопје (56:51).
Ова беше и последната контролна средба за оваа наша селекција, која во текот на следната недела патува за Литванија, каде ќе учествува на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години.