24.07.2024

Нашата женска селекција „Под 18“ доживеа уште еден пораз во дуелот со Босанките (42:75)

Јуниорките загубија и на втората контролна средба во БиХ

Женската селекција на Македонија „Под 18“ години забележа нов пораз на гостувањето во БиХ. Домашната репрезентација славеше сигурен триумф и на вториот меѓусебен дуел одигран во Бужим (75:42).

„Одигравме одлична четвртина во која, на истекот на десетте минути противникот поведе со 19:15... Во понатамошниот тек на натпреварот одиграме доста послабо, веројатно и од причина што решив да ги ротирам сите кошаркарки кои во овој момент ги имаме на располагање. Сакав да имаме максимален увид во моменталните можности на девојките.

Следува нов селективен момент во периодот на подготовките во кој што ќе останат 12. кошаркарки кои ќе патуваат за Романија, и ќе настапат на Европското првенство“ - вели селекторот Горан Крстевски по втората проверка во Босна и Херцеговина, по кој нашата јуниорска селекција се враќа во Скопје каде ќе ги одработи последните денови од подготовките пред патот за Плоешти каде од 2. до 11. август, ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“.