28.07.2022

Европско Првенство за кошаркарки до 18 години, Б Дивизија, Софија, Бугарија

Јуниорките заминаа за Бугарија

Женската македонска јуниорска репрезентација замина за Бугарија каде во наредните десетина дена ќе земе учество на Европското Првенство, дивизија Б, за кошаркарки до 18 години. Никола Златев, заедно со своите стручни соработници Кирчо Анастасоски и Ера Пајазити, ги одбра дванаесетте хероини (како што тој ги нарекува) кои ќе ги бранат националните бои на континенталниот собир (дивизија Б).

Македонија е сместена во групата А заедно со Португалија, Луксембург, Велика Британија и Хрватска.
 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

30.07.2022 (сабота)
Португалија – МАКЕДОНИЈА
Почеток 15:00

31.07.2022 (недела)
МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Почеток 17:30

1.08.2022 (понеделник)
Велика Британија – МАКЕДОНИЈА
Почеток 17:15

3.08.2022 (среда)
МАКЕДОНИЈА – Хрватска
Почеток 19:30