03.07.2017

Јуниорките започнаа со подготовки

Националната селекција до 18 години во женска конкуренција и оваа календарска година ќе настапува на Европското првенство за јуниорки (дивизија Б) што во периодот од 4. до 13. август ќе се одржи во Даблин Ирска. Селекторот Анета Глигорова го изготви списокот, а кошаркарките кои се најдоа на истиот денес започнаа со физичка подготовка за активностите кои им претстојат.

Глигорова потенцира дека во текот на наредните 27 дена, колку што има до почетокот на континенталното првенство, наутро ќе се работи на физичката подготвеност додека во вечерниот термин кошаркарките ќе работат на агресивноста.