30.07.2017

Јуниорките завршија со пријателските натпревари

По два пријателски натпревари одиграни на гости нашите јуниорки ги нагостија репрезентативките на Бугарија на пријателски двомеч. Со одигрување на овие два натпревари, нашите репрезентативки до 18 години завршуваат со пријателките пресметки во пресрет на првенството кое ќе започне за четири дена да се одигрува во Даблин, Ирска.

Во последниот натпревар, избраничките на Анета Глигорова беа доминантни на паркетот, но во самиот финиш, на нешто повеќе од една минута до крај го загубија водството, а со тоа и победата. Бугарија славеше со конечни 60-55 (8-11, 24-17, 14-19, 14-8)

СТРЕЛЦИ
Андонова (4поени), Митрева (10), Серафимоска (13), Шеќероска (11), Белеска (2), Спировска (3), Кузмановска (5), Петрушевска (7)

За јуниорките следат уште два дена подготовки во Скопје пред заминувањето за Ирска на 2. август.