28.12.2020 На турнирот во Валенсија, каталонците беа супериорни против Нантер (89:50) Јуниорскиот тим на Барселона експресно стигна до мечот на одлука на турнирот на Евролигата за кошаркари „Под 18“ години. Во третиот меч, трета и тоа како убедлива победа на „бордо-сините“ чиј дел е и 16 годишниот Македонец, Теодор Симиќ - совладан е францускиот Нантер со (89:50) па сега јуниорскиот тим од „Блауграна“ ја чека противникот во големото финале, кое ќе го одреди патникот за Келн, а и местото на завршниот турнир. Теодор Симиќ беше во стартните пет на Барселона. Доби само 12:22 минути во кои реализираше четири поени (2/6 за два поени), плус и два скока, една асистенција и една загубена топка за тоа кратко време на теренот во Валенсија.