29.12.2020

Каталонците беа супериорни во финалето против Хувентуд (79:55). Одлични 12.поени и 5.скока за младиот Македонец.

ЈУНИОРСКА ЕВРОЛИГА: Симиќ и Барселона ќе го напаѓаат трофејот во Келн

Кошаркарите на Барселона, играчи „Под 18“ години, се победници на квалификацискиот турнир на Евролигата во оваа возрасна категорија кој во изминатите три дена се одржуваше во Валенсија.

Со победата и тоа убедлива од (79:55), во финалниот натпревар, против „соседите“ од Бадалона, екипата на Хувентуд, Теодор Симиќ и неговите соиграчи се пласираа на завршниот турнир на Евролигата кој следната година, во мај, ќе се одржи во Келн.

Теодор Симиќ одигра 11:49 минути во првото полувреме од финалето. Реализираше три поени, имаше и четири скока и една асистенции. А каталонските „бордо-сини“ имаа постојана контрола над резултатот во тие 20.минути кои ги завршија со предност (32:26).

Во продолжението, најмладиот играч на каталонскиот гигант дојде до уште подобар ефект. Финалето го заврши со учинок од 12.поени (5/11 за два и 2/3 за еден поен), имаше и пет скока и едно додавање за 25:45 минути поминати во игра во мечот на одлука во Валенсија.