01.08.2022

Силен турнир во центарот на Скопје...

Кадетите домаќини на Израел, Шпанија и Турција

Кошаркарите до 16 години ќе ги нагостат соодветните национални селекции на Израел, Шпанија и Турција во Скопје во деновите што следат на силен меѓународен турнир, последен во рамки на подготвителниот период на машката кадетска репрезентација во пресрет на Европското првенство (дивизија А) кое ќе се одигра токму во Скопје.

За селекторот Андреј Апостолски Лечиќ ова ќе биде последното 'скенирање' на играчите на теренот, пред националниот тим да замине за Маврово на финалната етапа од подготовките.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

2.08.2022
18:00  МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ

3.08.2022
18:00  ШПАНИЈА - МАКЕДОНИЈА
20:30  ИЗРАЕЛ – ТУРЦИЈА 

4.08.2022
18:00  ШПАНИЈА – ИЗРАЕЛ
20:30  МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА

5.08.2022
18:00  ТУРЦИЈА – ШПАНИЈА