15.02.2022

Нашата селекција „Под 16“ години доби исклучително тешка група за Европското првенство кое летово ќе се одржи во Скопје, од 12 до 20 август.

Кадетите ги добија противниците за Европското првенство во Скопје

Кадетската репрезентација на Македонија (М16), единствена која учествува во А-дивизијата од сите наши младински селекции, доби исклучително тешка група за Европското првенство кое летово ќе се одржи во Сопје, од 12 до 20 август.

Како и на претходниот настап, во 2019 година, нашите кадети ќе бидат во група со една од најсилните европски селекции - Шпанија. Заедно со Југославија, Шпанците се најуспешни во оваа конкуренција со пет титули и вкупно 18 медали на кадетските шампионати, а на последните четири првенства, три пати стигнаа до финалето и два пати триумфираа.

Ждрепката која денеска се одржа во Фрејзинг, а на кој присуствуваше и генералниот секретар на македонската кошаркарска федерација, Владимир Георгиевски, ни донесе упте два високо квалитетни ривали. Во групата „Д“ се Грција, поранешен двоен европски првак, и Русија која досега четири пати играше во финалните дуели, но ниеднаш не ја освои титулата.

Европското првенство во оваа конкуренција требаше да се одржи во Скопје во 2020 година, но два пати беше одложено поради пандемијата со корона вирусот.

Јуниорите добија ривали по мерка, младинците пред малку посериозне предизвик

Јуниорската (М18) репрезентација на Македонија, се чини доби најлесна група од сите наши младински селекции кои претстојното лето ќе учествуваат на европските првенства.

Селекцијата која ќе настапи на шампионатот од Б-дивизијата во романскиот град Орадеа од 29 јули до 7 август, ќе биде во група со Финска, Белгија, Шведска, Австрија и Кипар, ривали против кои може да брка и највисок пласман. Оваа генерација треба да ја предводи Теодор Симиќ, па затоа и очекувањата од неа се највисоки.

Најискусните, М20 ќе имаат малку потешка задача бидејќи во групата е уште Грузија која секогаш е меѓу фаворитите за највисок пласман. Останатите противници се Шведска, Косово и Австрија. Оваа генерација (кошаркари родени 2002 година и помлади) е една од најсилните во македонската кошарка, лидери треба да бидат Лука Савичевиќ, Марко Миловановиќ, Андреј Андоноски и Андреј Митревски, кошаркари кои веќе имаат искуство и во сениорската репрезентација. М20 првенството ќе се одржи од 15 до 24 јули во грузискиот главен град Тбилиси