19.06.2019 Нашата репрезентација до 16 години во машка конкуренција означи почеток на официјалните подготовки во пресрет на настапот на континенталниот собир за кадети. Селекторот Денис Дервишевиќ прозиваше заедно со членовите на својот стручен штаб кои ќе му помагаат во подготвителниот период. Искусниот тренер ќе ја предводи единствената младинска репрезентација која претстојното лето ќе се натпреварува во А дивизија. Минатата година, на европското првенство (дивизија Б) нашите кадети го освоија бронзениот медал и се пласираа во најдобрите 16 репрезентации од стариот континент. Кадетите веќе неколку дена тренираа во Скопје, каде направија и лекарски прегледи задолжителни за секоја национална селекција. Во подготвителниот период за Европското првенство кое ќе се одигра во Италија, избраниците на Дервишевиќ ќе одиграат и пријателски натпревари против соодветните национални селекции на Турција, Израел, Полска и Чешка.