Кадетите ги завршија подготовките - КФСМ
08.08.2017

Кадетите ги завршија подготовките

Нашата кадетска репрезентација заврши со подготовките кои водеа до Еропското првенство (Дивизија Б) што почнувајќи од четврток (10. август) ќе се одигрува во Софија Бугарија. Избраниците на Горан Ѓорѓиевски одиграа неколку пријателски натпревари во изминатиот период, забележвајќи четири победи и два порази. Во рамки на последниот натпревар кадетите загубија од Шведска со 79-86 (16-26, 25-14, 19-23, 20-22).

 

СТРЕЛЦИ
Кацарски (10поени), Миловановиќ (17), Исајлоски (11), Јанев (2), Наумоски (7), Бошковски (20), Јакимовски (7), Митевски (2)