28.07.2024

Во финалниот натпревар, селекцијата на Израел славеше со резултат (71:53)

Кадетите го освоија второто место на турнирот во Гевгелија

Машката репрезентација на Македонија за играчи „Под 16“ години го освои второто место на турнирот „Боби Петковски“ кој викендов се одржуваше во Гевгелија.

По двете победи, прво над селекцијата на Романија, а потоа и против Швајцарија, македонските кадети го загубија финалниот натпревар на турнирот. Подобри од нив беа младите кошаркари на Израел.

ИЗРАЕЛ (У16) – МАКЕДОНИЈА (У16)  71:53

(13-14; 18-14; 23-15; 17-10)

Нашата селекција одигра егал во првото полувреме. Откако во првиот период водевме со минимални (14:13), во наредните десет, Израелците успеаја да го „свртат“ резултатот и на полувреме да имаат водство од три поени (31:28).

Ви продолжемиеот подобра игра на кадетите на Израел, кои клучната предност ја направија во третиот дел од играта во кој се стекнаа со двоцифрени (54:41).

Поените за нашата кадетска селекција на овој натпревар ги постигнаа: Цветковски 12, Ѓорѓевиќ 10, Нешовиќ 7, Терзиевски 7, Стојановски 6, Ефтимовски 5, Петковски 2, Богевски 2, Донев 2