Репрезентацијата до 16 години, која тековното лето ќе настапи на континенталниот кадетски собир во машка конкуренција, пред нешто повеќе од две седмици означи почеток на официјалните подготовки.
Селекторот Денис Дервишевиќ го објави списокот на кошаркарите на чии услуги ќе смета во периодот што следи, а кадетите веќе тренираат во Скопје, каде направија и лекарски прегледи задолжителни за секоја национална селекција. Во подготвителниот период за Европското првенство кое ќе се одигра во Италија, избраниците на Дервишевиќ ќе одиграат и пријателски натпревари против соодветните национални селекции на Турција, Израел, Полска и Чешка, а првите официјални натпревари ќе ги одиграат во следните два дена.
Со почеток во 20:00 часот, во четврток и во петок (4. и 5. јули) нашата кадетска репрезентација ќе се пресмета со соодветната национална селекција на Турција. Натпреварите ќе се одиграат во големата сала на „Кале“.
СТАТИСТИКА НАТПРЕВАР 1
СТАТИСТИКА НАТПРЕВАР 2