15.07.2024

Денеска и утре во Тиват, нашата селекција „Под 16“ години ќе ги има првите проверки на моменталната форма

Кадетите ја заокружуваат првата фаза од подготовките со двомеч во Црна Гора

Нашата машка селекција на играчи „Под 16“ години ќе го заокружи првиот дел од подготовките кои ги реализира во Скопје со два контролни натпревари.

Закажани за денеска и утре, во Тиват, каде за противник избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе ја имаат соодветната селекција на Црна Гора.

„Подготовките за претстојното Европско првенство ги започнавме на 3 јули. Сметам дека сеуште сме далеку од посакуваната физичка и тактичка форма. Ова се натпревари во рана фаза, кои ќе ги искористиме за воигрување на она што до сега е сработено. Со натпреварите против Црна Гора ќе го заокружиме првиот дел од подготовките“- коментира кратко Јованчев пред денешната проверка, предвиден за 18.30.часот, која ќе се игра во салата на СЦ „Жупа“ во Тиват.