13.08.2019

Кадетите ќе разигруваат за пласман од деветтото место

Нашата машка кадетска репрезентација ќе разигрува за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години.

Избраниците на Денис Дервишевиќ запишаа една победа во рамки на групната фаза, а во првиот натпревар од втората фаза „round of 16“ против соодветната национална селекција на Русија запишаа пораз од 70-45 односно 11-7, 19-11, 16-7 и 24-20 по делници.

Следен противник на нашите кадети е репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Натпреварот ќе се одигра на 14. август, со почеток во 16:30 часот.

Натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација, како и досега, ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на ФИБА, а на официјалната веб страница на првенството ќе бидат достапни и линкови од статистика во живо како и фотографии од натпреварите.