10.02.2017

Втора победа за младите кошаркари на турнирот во Истанбул

Кадетите нижат победи на пријателскиот турнир во Истанбул

Кадетските репрезентативци запишаа уште една победа на меѓународниот пријателски турнир кој се одржува во Истанбул. Младите кошаркари до 16 години се пресметаа со врсниците од Дарушафака и беа подобри во текот на целиот натпревар победувајќи со 62-55 во втората пресметка на овој подготвителен турнир.

Кошаркарите до 16 години, утре ќе бидат предводени од Небојша Ѓуковиќ и Горан Даниловски против врсниците од Галатасарај.