По оној воведен дел од подготовките, селекцијата на кошаркари „Под 16“ години влегува во оној средишниот, во кој се предвидени и проверки на сработеното во изминатиот период.
Првите се на ред на 22, односно 23. јули во Дарувар, каде нашиот кадетски состав, предводен од селекторот Андреј Апостолски Лечиќ, ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Хрватска.
По првата фаза од подготвителниот период, Апостолски Лечиќ се одлучи за Дарувар да патува еден комбиниран состав, во кој ќе недостасуваат неколку играчи на кои се смета за оној главен дел – настапите на ФИБА „Челенџер“ турнирот, кој од 16. до 21. август ќе се одржи во Скопје.
Собир на кој освен нашата, ќе учествуваат и кадетските селекции на Литванија, Франција, Русија, Романија, Грција.
СПИСОК НА ИГРАЧИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА У16-МАЖИ:
Андреј Шошкиќ, Марко Лукановски, Стефан Стојковиќ, Бојан Величковски, Ристе Петров, Димитар Зетов, Давид Петрушевски, Ангел Стојанов, Ангел Кечовски, Коста Кириловски, Грегориј Јакимовски, Даниел Балоски
СТРУЧЕН ШТАБ: Андреј Апостолски Лечиќ, Александар Јованчев, Тино Даневски, Бојан Живковиќ