17.07.2022

На втората „контрола“ во Тарговиште домаќинот направи голем пресврт во последната четвртина и ја однесе победата (78:72).

Кадетите по втор пaт поразени од Бугарија

Со два порази во два натпревари против Бугарија се враќа нашата машка кадетска селекција од гостувањето во Тарговиште.

За разлика од првата проверка, на втората, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ одиграа доста подбро. Ја имаа контролата над играта и над резултатот цели три четвртини од играта.

По релативно израмнетиот почеток и водство на Бугарија (21:18) по првите десет минути,, нашата селекција „Под 16“ успеа да обезбеди предност и на полувремето да има пет поени „вишок“ (36:31).

Уште подобро игравме по паузата, пред истекот на третиот период разликата во корист на Македонија беше и двоцифрена (57:46)..

Но одиграме доста лоша последна четвртина во која што Бугарија, и со помош на домашните судии, не само што го стигна нашето водство, туку се избори и за победа (78:72).

БУГАРИЈА - МАКЕДОНИЈА   78:72

(21-18; 10-18; 15-21; 32-15)

МАКЕДОНИЈА: Поповиќ 0 (1ск), Петрушевски 3 (2ск), Трпеновски 2 (2ск,3ас), Јаничиќ 9 (7ск,3ас), Величковски 2 (4ск,1ас), Трајанов 2 (4ск,1ас), Стојковиќ 13 (4ск,3ас), Зетов 11(1ас), Стојановски -, Кириловски 2 (4ск,1ас), Лазарев 0 (1ас), Лукановски 28 (12ск,1ас), Димевски 0, Марјановиќ 0 (1ск,2ас):