17.08.2019 Нашата кадетска машка репрезентација се пласира на дванаесеттото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години откако на последниот натпревар за пласман загубија од соодветната селекција на Израел. Со тоа, кадетите го завршија настапот на континенталниот кадетски собир каде ќе настапат и идната година додека последните три рангирани земји во оваа дивизија ќе се пласираат во Б дивизија. Во рамки на групната фаза запишавме два пораза и една победа. Согласно системот за натпреварување следеше втората фаза, round of 16, во која запишавме уште еден пораз. Следеше разигрување за пласман на првенството, каде нашите кадети запишаа важен триумф со кој се обезбеди опстанок во првата дивизија во оваа возрасна категорија.