Кадетите со пораз од Русија - КФСМ
09.08.2018

Кадетите со пораз од Русија

Кадетите го започнаа настапот на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години со пораз.

Во рамки на групната фаза, нашите кошаркари ќе разигруваат со селекциите на Данска, Белгија, Словачка, Норвешка и со Русија која денес ни го нанесе првиот пораз. 

Избраниците на Алекандар Јованчев резултатски заостануваа во првиот период, но во десетте минути што следеа успеаја да ја вратат предноста во своја корист. По паузата на полувремето нашите кадети не продолжија со истата игра како кон крајот на првиот дел од натпреварот што резултира со двоцифрена негатива, која до крајот успеаха да ја намалат, до конечни 69-75.

Целосната статистика како и снимка од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.