Нашата кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство (Дивизија Б) што од вчера започна во Софија, Бугарија. Младите кошаркари синоќа загубија од Грузија, но денес покажаа ново лице и им нанесоа втор пораз на в рсниците од Косово (Првиот пред 10 дена на пријателски натпревар во Скопје).
Избраниците на Горан Ѓорѓиевски делуваа стабилно на теренот, играјќи поен-за-поен со противникот. Имавме минимална предност на паузата на полувремето, но потоа следеше мал пад на концентрација и нашиот противник успеа да изедначи. Настапи реализаторска криза, па противниците поврзаа шест поени во низа (46-40) кои ние ги анулиравме по еден тајм-аут. Во преостанатиот дел од натпреварот игравме одново изедначено, за на преку пенали на крајот успееме да стигнеме до водство кое го задржавме до крајот, до конечни 61-64.
МАКЕДОНИЈА - Косово (61-64; 12-12, 19-17, 18-16, 12-19)
СТРЕЛЦИ
Јанев (5поени), Наумовски (8), Јакимовски (22), Миловановиќ (6), Кацарски (3), Наумоски (10), Бошковски (10)