04.04.2019

Кадетите заминаа за Србија

Нашата кадетска репрезентација утрово замина за Зрењанин каде во наредните четири дена ќе земе учество на меѓународен пријателски турнир. Покрај домаќинот и организатор на овој турнир - Србија, учество ќе земат и соодветните селекции на Црна Гора и на Израел.Селекторот Денис Дервишевиќ, со својот асистент Александар Ашаданов во Зрењанин поведоа 14 момци.

Натпреварите на нашата кадетска репрезентација во Зрењанин во спортската сала „Crystal Hall“, а преносот и статистиката во живо од истите ќе биде достапна на следниот ЛИНК.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Петок, 5. април
МАКЕДОНИЈА - Србија 
Почеток 20:45

Сабота, 6. април
Црна Гора - МАКЕДОНИЈА 
Почеток 18:30

Недела, 7. април
Израел - МАКЕДОНИЈА 
Почеток 18:30