На вториот контролен натпревар, нашата машка кадетска селекција имаше предност во најголем дел од играта, но поспедниот период им припадна на гостите, кои победија и по втор пат на гостувањето во нашиот главен град.
МАКЕДОНИЈА (У16-МАЖИ) – БУГАРИЈА (У16-МАЖИ) 63:73
Нашите млади кошаркари почнаа сосема добро. За кратко време се стекнаа со предност од осум поени (12:4), во петтата минута имаа и повисоки (15:6). Најков собра десет, а Марјановиќ имаше уште пет поени во таа рана фаза од натпреварот.
Но гостите брзо се консолидираа во оној офанзивен дел, и до крајот на првата четвртина дури и поведоа со минимални (22:21).
Имавме одличен почеток и во вториот дел од играта. Со серија од (8-2), го вративме водството, имавме плус 5, (29:24), по 15.минути играње на оваа втора „контрола“ во СРЦ „Кале“. По поентирањето на Кузмановски, во 19.минута ја вративме онаа почетна предност, водевме со (36:28).
Но слично како и во првата четвртина, гостите се вратија со серија од осум поени, израмнија на (36:36).
И по трет пат на мечот, Македонија се одвои на пристојна разлика. Водеа нашите кадети со (48:41) по нецели четири минути од третата делница. Нешто подоцна и (52:46), резултат со кој го затворивме третиот период.
Во онаа решавачката уште една промена на водството. Во неполни пет минути, Бугарија направи нова серија на поени. Сега од (17-5), доволно за одново да води, сега и со солидни (63:56).
Имаа кадетите на Бугарија и повисоки (66:57). Серијата ја прекина Терзиевски. Со помош на Најков, намалија на (63:70), на точно три минути пред крајот. Но тоа беше и последниот обид од нашиоѕ тим за да се стигне таа негатива, па и втората „контрола“ им припадна на младите кошаркари на Бугарија.
Најков беше најефикасен играч на оваа средба, реализираше 22.поени. Марјановиќ постигна осум, Ефтимовски имаше седум, а Терзиевски уште шест поени.