Нашата кадетска репрезентација во машка конкуренција го заврши настапот на Европското првенство (дивизија Б) како 15. пласирана селекција.
Во рмаки на групната фаза бевме сместени во групата Д каде запишавме две победи, над Косово (61-64) и над Луксембург (71-75) и три пораза, од Грузија (53-88), од Велика Британија (94-52) и од Португалија (46-55) со кои завршивме како четврто пласирани што значеше борба за пласман од деветтото до шеснаесеттото место. Поразот од Босна и Херцеговина (82-67) не втурна во битка за пласман во долниот дел односно од 13. до 16. место. Следеше тесен пораз од Исланд со 70-66 кој значеше борба за 15. односно 16. место на првенството. Финалната битка, против Португалија, ја добивме со 50-56 и го завршивме настапот како 15. пласирана селекција во втората дивизија во оваа возрасна категорија.
Португалија - МАКЕДОНИЈА 50-56 (13-12, 8-21, 18-12, 11-11)
СТРЕЛЦИ
Наумовски (3поени), Митевски (9), Миловановиќ (6), Јакимовски (15), Бошковски (8),Исајлоски (7), Јанев (8)