Во вториот натпревар од двомечот во Крива Паланка, одлучи второто полувреме кое гостинките од Бугарија го одиграа многу поефикасно...
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 55:74 (10-19; 22-15; 7-25; 16-15)
Македонија „Под 16“ – Бугарија „Под 16“ е (1-1) во меѓусебните дуели од двомечот кој вчера и денеска се одржа во Крива Паланка.
Нашите кадетки беа подобри во синоќешниот натпревар, гостинките од Бугарија возвратија на денешниот, одигран исто така во салата „Бранители“.
По изедначеното прво полувреме во кое Бугарија водеше со два поени (34;32), уследи пад во играта на нашата женска кадетска селекција. Во третиот дел Бугарките направија високи (25-7) и го решија прашањето за победникот.
Поените за Македонија на вториот натпревар ги постигнаа:
Тодорова 7, Алексовска 21, Петревска 2, Милованова 4, Бошкова 2, Даниловска 4, Николов 9, Додевска 2, Николиќ 2, Ангелова 2, Ѓуковиќ -, Граматикова 0, Караѓозева 0;