24.07.2017

Кадетките ја совладаа Бугарија по едно продолжение

На кадетските репрезентативки им беа потребни пет минути дополнително време на денешниот пријателски натпревар за да ја совладаат соодветната селекција на Бугарија. По двата пораза од Израел, избраничките на Стојна Вангеловска смогнаа сили за да запишат прв триумф на домашен терен и тоа со 72-68 (13-14, 20-13, 17-11, 14-26, 8-4).
 

СТРЕЛЦИ
Тасевска (4поени), Плакај (5), Митрева (21), Кошобашиоска (12), Димитријевиќ (2), Поп-Диммитрова (6), Игњатова (3), Селцова (19)