Женската селекција на Македонија за кошаркарки „Под 16“ години, вчера вечер отпатува за Тбилиси, каде ќе учествува на ФИБА „Челенџер“ турнирот за оваа возрасна категорија.
Во групата „Е“ од ова ново натпреварување на ФИБА, освен нашата и селекцијата на домашинот Грузија, ќе учествуваат уште и селекциите на Ерменија, Малта и на Албанија.
Според распоредот, во првото коло од турнирот, на 9.август, нашата кадетска селекција е слободна.
На 10. август, од 16.часот ќе играме против соодветната селекција на Малта.
Следниот ден, во исто време, следува мечот против репрезентацијата на Албанија. А по еден ден пауза, на 13. август, од 19.часот, нашите кадетки ќе ги одмерат силите со селекцијата на Ерменија.
Учеството на овој турнир ќе го затвориме на 14. август, од 19.часот, со натпреварот против домашната селекција на Грузија.
МАКЕДОНИЈА НА „ЧЕЛЕНЏЕР“ ТУРНИРОТ ВО ТБИЛИСИ
Ана Милованова бек 172см
Анастасија Тодорова бек 166см
Михаела Алексовска бек-шутер 175СМ
Ања Даниловска бек 173см
Деа Хоџа центар 182СМ
Зорица Караѓозова бек-шутер 173см
Љубица Бошкова бек-шутер 176см
Марија Николов крило 172см
Климентина Модева центар 195см
Матеја Додевска центар 185см
Божица Стоевска бек-шутер 176см
Ксенија Петревска ниско крило 188см
СЕЛЕКТОР: Никола Златев
АСИСТЕНТ ТРЕНЕР: Ведран Белешковски
АСИСТЕНТ ТРЕНЕР: Форка Ѓорѓиева
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Ема Никочевиќ
ДОКТОР: Веселинка Лалчевска
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
10. АВГУСТ – 16.00: Македонија - Малта
11. АВГУСТ – 16.00: Албанија – Македонија
13. АВГУСТ – 19.00: Македонија - Ерменија
14. АВГУСТ – 19.00: Грузија - Македонија