19.07.2017

Кадетките ќе разигруваат против Косово, Израел и против Бугарија пред ЕП

Изминатиот викенд, кадетските репрезентативки одиграа пријателски двомеч против Бугарија, а почнувајќи од утре им се згуснува распоредот на пријателски натпревари кои ќе бидат одиграни во пресрет на Европското првенство (Дивизија Б) кое во периодот од 17. август до 26. август ќе се одигра во нашата престолнина Скопје.

Репрезентативките до 16 годишна возраст утре (20. јуни) ќе заминат за Косово каде ќе одиграат пријателски натпревар, последен за нив кој ќе биде одигран на гостински терен во рамки на подготвителниот период. Натпреварот ќе започне во 17:00 часот.

По завршување на натпреаварот, кадетките ќе се вратат в Скопје каде во наредните денови ќе ги нагостат селекциите на Израел и на Бугарија. Против Израел играме в петок (21. јули) и в сабота (22. јули), а по ден одмор (во кој ќе се пресметаат Израел и Бугарија) ќе си ги одмериме силите против Бугарија.

СТАТИСТИКА
21. јули
МАКЕДОНИЈА - Израел
22. јули
Израел - МАКЕДОНИЈА
23. јули
Бугарија - Израел
24. јули
МАКЕДОНИЈА - Бугарија