21.08.2018 Женската кадетска репрезентација ќе разигрува за пласман од 17. до 22. место на Европското првенство, дивизија Б, кое се одигрува во Подгорица. Репрезентативките до 16 години не запишаа ниту една победа во рамки на групната фаза и како последнопласирани во групата А ќе разигруваат за пласман во долните места на првенството. Следи разигрување во мини-група „Е“ во која покрај нашата репрезентација се Бугарија и Исланд. Првиот натпревар го играме в четврток (23. август) против Бугарија.