03.06.2018

Кадетките на Бадел 1862 ја одбранија титулата во М16

 

Кошаркарките на Бадел 1862 ја одбранија титулата освоена ланската сезона во кадетската категорија откако во рамки на финалето од завршниот турнир во генерацијата М16 ги совладаа врсничките од Баскет Кам со 55-37.

Третото место им припадна на кошаркарките на Струга 2009 кои ги совладаа кошаркарките на Гостивар 2009.

Целосната статистика е достапна на следниот линк додека снимка од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.