Учеството го пријавија вкупно шест национални селекции во категоријата „Под 16“ години во женска конкуренција.
Согласно со активностите на романската федерација која е во улога на домаќин и на организатор на овој собир, поделени се во две групи. Нашата кадетска селекција е дел од групата „Б“ во која се уште селекцијата на грција, и вториот тим на Романија, додека пак во групата „А“, освен младите Романки ќе играат и репрезентациите на Молдавија и на Бугарија.
Сатнината на игрите во Тарговиште вели дека нашата селекција својот прв натпревар ќе го одигра на 27. декември (среда) со почеток од 19.15 часот (по локално време) а за противник ќе ја има соодветната селекција на Грција.
Наредниот ден, во исто време, од 19.15 часот, ќе играме и против репрезентацијата на Романија „Под 15“ години.
Во зависност од резултатите, односно од пласманот во групната фаза, на 29. декември (петок), следуваат и натпреварите кои ќе го дадат конечниот изглед на табелата (според системот: А1-Б1, А2-Б2 и А3-Б3).
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА
Јана Писелвска
Дарија Панкова
Теа Трајковска
Ана Сарафилоска
Глорија Груевска
Ива Колева
Ива Димитријевиќ
Вања Милосављевиќ
Душица Мицева
Мила Начевска
Кјара Анастасова
Јована Димовска
Селектор: Горан Крстевски
Асистент-тренер: Сања Костова