Женската кадетска селекција, кошаркарки родени 2009/2010 година заврши на петтото место на Балканските игри во романскиот град Тарговиште.
Селекцијата на Македонија ги загуби двата натпревари во групната фаза. Како дел од групата „Б“ на овој собир во Романија, прво загубивме од репрезентацијата на Грција (50:94), а еден ден подоцна, подобра од нашата беше селекцијата на Романија (58:42).
Во натпреварот за петтото место на турнирот, нашата селекција „Под 16“ години беше доста подобра од Молдавија. Славевме убедлива победа од (83:46).
„Од последниот турнир, оној во октомври, забележлив е голем напредок кај девојките. Мора да се спомене и тоа дека во Тарговиште настапивме со помлад состав во однос на другите тимови, во просек од една до две години.
Според планираното, можно е веќе во февруари да учествуваме и на еден турнир во Бугатрија, затоа што бугарската федерација веќе ни испрати учество за настап. Тоа би било уште една шанса за воигрување на оваа генерација на кошаркарки родени 2009 и 2010 година“ – коментира Горан Крстевски кој го предводеше нашиот женски национален тим на Балканските игри во Тарговиште.
Инаку, за одбрите игри за време на турнирот во Тарговиште, нашата млада кошаркарка Ива Колева доби посебно признание. Беше избрана во идеалната петорка на оваа своевидна женска кадетска Балканијада.