28.07.2021 Денеска и утре, селекторот Никола Златев ќе ги провери моменталните можности на селекцијата „Под 16“ години Женската кошаркарска репрезентација, кошаркарки „Под 16 години“ е во Крива Паланка, каде ги одработува подготовките за настап на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој ќе се одржи од 9. до 14.август во Тбилиси. А во рамките на подготовките нашите кадетки ќе одиграат и два контролни пријателски натпревари со соодветната репрезентација на Бугарија. Првиот ќе се одигра вечерва, со почеток од 19. часот, додека вториот е закажан за утре изутрина, од 9.30 часот. Согласно со протоколот за заштита од Ковид-19, натпреварите во салата „Бранители“ ќе се одиграат без присуство на публика.