Женската репрезентација до 16 години замина за Софија, Бугарија каде во наредните десет дена ќе земе учество на Европското првенство, дивизија Б. Кошаркарките речиси два месеца тренираа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски натпревари на домашен терен.
Ждребот одржан во јануари посака да нашата женска кадетска репрезентација биде сместена во единствената група со пет репрезентации, групата Д. Против соодветните национални селекции на Луксембург, Холандија, Бугарија и Украина ќе разигруваат нашите кадетки во рамки на групната фаза.
Првенството ќе го отвориме со натпревар против Холандија на 15. август. Следниот ден ќе паузираме, а на 17. август ќе се надигруваме против организаторот на ова првенство, Бугарија. Следи уште еден ден за одмор, а на 19. август противник ќе ни биде Луксембург додека последниот натпревар од групната фаза, против Украина е закажан за на 20. август.
Распоредот на натпревари, статистика и пренос во живо како и фотографии од натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација можат да се следат на следниот ЛИНК.