25.08.2018

Кадетките завршија на 22. место

Репрезентацијата во женска кадетска репрезентација заврши со настап на Европското првенство, дивизија Б, пласирајќи се на 22. позиција.

Нашите репрезентативни кадетки беа сместени во групата А, а групната фаза ја завршија на шестата позиција, што значеше разигрување за пласман од 17. до 22. позиција. Следеше пораз од Бугарија (58-73), па разигрување против Косово за 21. односно 22. позиција. Пораз од 49-64 значеше пласман на 22. позиција.