24.08.2019 Нашата женска кадетска репрезентација официјално заврши со учество на Европското првенство за кошаркарки до 16 години, во дивизија Б. Репрезентативките предводени од Виолета Здравковиќ настапот го завршија со пласман на 22. место. После нешто повеќе од еден месец подготовки во Скопје и во Маврово, репрезентативките до 16 години заминаа за Софија, Бугарија каде првично разигруваа со врсничките од Холандија, Бугарија, Луксембург и Украина во рамки на групата Д. Групната фаза ја завршивме без ниту еден триумф што значеше разигрување за пласман од 17. до 22. место преку новоформираната група Е. Со нови два пораза нашите кошаркарки разигруваа против Исланд за конечен пласман на 22. место.