26.07.2024

Во наредните три дена, нашиот тим „Под 16“ го чекаат дуели со селекциите на Романија, Швајцарија и Израел...

Кадетската репрезентација Македонија учесник на турнирот „Боби Петковски“ во Гевгелија

Машката кадетска селекција на Македонија ќе биде дел од учесниците на традиционалниот турнир „Боби Петковски“ кој стартува денеска, а ќе се играат во салата „26.април“ во Гевгелија.

Селекцијата која ја предводи Александар Јованчев ќе има три контролни натпревари, и тоа како потребни во периодот на подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 8. до 17.август ќе се одржи во Скопје.

На првиот натпреварувачки ден, вечерва од 19.30 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Романија.

Во сабота, во истиот термин, нашите кадети ќе ги одмерат силите против Швајцарија, додека пак турнирот во Гевгелија ќе го затвориме со дуелот против репрезентацијата на Израел.